сабота, 19 октомври 2024

Трамп: Јас сум единствениот републикански кандидат кој може да победи на изборите во 2024 година

Објавено на

часот

Сподели

За време на настанот, на сите 13 кандидати им беа дадени 10 минути да зборуваат на сцената.

Во однос на своите противници, Трамп е во водство.

Поранешниот американски претседател Трамп пред присутните изјави дека тој е единствениот кандидат кој може да победи на изборите следната година и посочи дека тоа е единствената причина поради која се соочува со низа кривични пријави, пишува Би-би-си.

Трамп изјави дека ќе се кандидира за претседател дури и ако биде осуден.

Според резултати од истражувањето на јавното мислење на „Фајв трти ејт“ Трамп има поддршка од 52,4 отсто, гувернерот на Флорида ДеСантис 15,5 отсто, додека сите останати републиканци се под 10 отсто.

Трамп наскоро може да биде обвинет во Вашингтон за обид за поништување на изборните резултати од 2020. Трамп ги отфрли сите обвиненија и рече дека не е виновен.

Ајова е првата држава во која гласачите ќе го започнат процесот на намалување на бројот на претседателски кандидати од држава до држава додека не остане по еден од секоја голема партија што ќе се натпреварува на изборите во ноември 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ