сабота, 5 октомври 2024

Трамп: Израел треба да ја гаѓа иранската нуклеарна инфраструктура

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Израел треба да ја гаѓа иранската нуклеарна инфраструктура, откако актуелниот демократски претседател Џо Бајден изјави дека доколку е на местото на Израел „ќе размисли“ за гаѓање на иранските нафтени постројки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тензиите меѓу Иран и Израел се на високо ниво бидејќи Израел ги разгледува опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран, кој Иран го изврши во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.

Бајден претходно рече дека доколку тој е на местото на Израел, „ќе размисли за алтернативите за гаѓање на иранските нафтени постројки“, додавајќи дека Израел сè уште не одлучил како ќе го изведе контранападот и дека сè уште за тоа се „расправа“.

Трамп подоцна го критикуваше Бајден во Северна Каролина и отиде чекор подалеку, сугерирајќи дека Израел прво треба да ја „гаѓа нуклеарната“ инфраструктура, а за останатото „подоцна да се грижи“, пренесе агенцијата Франс прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ