Како што соопшти денеска МВР, при преглед на патничко моторно возило ауди со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е., биле пронајдени над 50 килограми марихуана.
Осомничениот е приведен во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и истиот е предаден на ОЈО Битола.