Андоновски истакнува дека имал повеќе средби со министри за дигитална трансформација од земји членки на ЕУ, на кои била дискутирана работата на министерството, проектите и услугите кои ги дава министерството, но и за поддршка на државата да стане членка на Европската Унија.
„Македонија е единствената држава во поширокиот регион кој што нема закон за заштита на информациските системи или така наречен закон за сајбер безбедност. За жал, немаме некаков минимум стандард кој што секоја институција треба да го следи. Во спротивност, таа институција да има одговорност, доколку тоа не го прави“, истакна Андоновски во емисијата Трилинг.
Тој додаде дека институциите, бидејќи не одговараат за своите последици за да се заштитат од сајбер напади, во минатото не се труделе да создадат или да купат софтвер за заштита на безбедноста.
„Ова зависи од секоја институција, колку е самосвесна или пак раководител на некоја институција, да знае дека опремата која што ја набавил ги нема или ги има потребните лиценци за заштита. И тоа е страшно. Ако вашиот систем го нема потребниот софтвер за заштита или антивирусна програма, никој нема да ве казни, ниту пак дали го следите законот“, појасни Андоновски.