вторник, 22 октомври 2024

Трамп избра потпретседател, но не открива за кого се работи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека го избрал својот потпретседател и посочи дека тој ќе се појави со него на првата претседателска дебата во четврток, кога ќе се соочи со актуелниот претседател Џозеф Бајден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Ен-би-си њуз за време на престојот во Филаделфија, на прашањето дали одлучил кој ќе се кандидира покрај него за потпретседател на САД, Трамп рече „да, во себе“.

Трамп нагласи дека засега никој не знае кого избрал за потпретседател.

Извори запознаени со процесот на селекција за Ен-би-си њуз изјавија дека главен кандидат за потпретседател на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември се гувернерот на американската сојузна држава Северна Дакота, Даг Бургум и сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс.

Трамп минатиот месец рече дека има „добри шанси“ да го именува својот потпретседател на републиканската национална конвенција, што ќе се одржи од 15 до 18 јули во Милвоки.

Гувернерот на американската држава Северна Дакота, Даг Бургум, кој важи за еден од главните кандидати за потпретседател на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, изјави дека не е важно кој ќе биде кандидат за потпретседател, бидејќи победата зависи само од Трамп.

Бургум, пред дебатата меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, закажана за четврток, рече дека Бајден може да покаже зголемени способности за време на дебатата и дека тоа го направил пред четири години, објави Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ