вторник, 22 октомври 2024

Трамп бара Бајден да се тестира за стимуланси пред дебатата на Си-ен-ен

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска побара актуелниот американски претседател Џозеф Бајден да се подложи на тест за стимуланси пред првата претседателска дебата во четврток на Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тест на лекови за нечесниот Џо Бајден??? Јас веднаш би се согласил на еден!!!” напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ откако тој и неговите сојузници повеќе пати сугерираа дека Бајден (81) ќе биде под лекови за време на форумот во Атланта, објави „Њујорк пост“.

Бајден е во изолација од минатата недела во претседателскиот центар во Кемп Дејвид во западен Мериленд, што предизвика мрачни сугестии од републиканските кругови за тоа што може да подразбира подготовката за дебата на актуелниот претседател.

„Нема универзум каде што (Бајден) нема да биде под лекови пред дебатата. Ако сака тоа да го негира, треба да понуди тест на недозволени супстанции, но сите знаеме дека нема да го стори тоа“, изјави советник на Трамп за порталот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ