петок, 25 октомври 2024

Трамп: Ако победам, ќе го отпуштам обвинителот кој ме истражува

Кандидатот на американските републиканци на претстојните претседателски избори Доналд Трамп кажа дека, доколку биде избран, ќе го отпушти сојузниот обвинител кој истражува дали се обидел да го поништи својот изборен пораз во 2020 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот американски претседател Трамп, на новинарското прашање дали во тој случај би се помилувал сам себе или би го отпуштил специјалниот обвинител Џек Смит, одговори: „Тоа е многу едноставно. Би го отпуштил во рок од две секунди“.

„И не, не мислам дека би ме отповикале кога би го отпуштил Џек Смит“, додаде Трамп.

Смит води кривична постапка во која Трамп е обвинет за изборна субверзија на изборите во 2020, на кои победи кандидатот на демократите Џо Бајден, актуелниот американски претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ