вторник, 22 октомври 2024
Имаше само 26 години

Трагедија во Будва: Почина Матија Шаркиќ, голман на репрезентацијата на Црна Гора

Шокантни вести пристигнуваат од Црна Гора, на 26 години почина Матија Шаркиќ, кој беше прв голман на репрезентацијата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесуваат локалните медиуми, Матија Шаркиќ утрово починал ненадејно во Будва додека бил во својот апартман.

Нагло му се влошила здравствената состојба, неговите пријатели повикале итна помош, но докторите не успеале да го спречат најлошото.

Матија Шаркиќ пред десетина дена бранеше за репрезентацијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар против Белгија и се прикажа во одлично светло со девет одбрани.

26 годишниот голман е роден во Англија, па таму и ја помина фудбалската кариера, од август 2023 година беше член на Милвол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ