Морнарите од ударната група на носачот на авиони Двајт Д. Ајзенхауер го префрлиле екипажот со хеликоптер, соопшти НАВЦЕНТ, додавајќи дека еден член на екипажот се води за исчезнат.
Нападот, кој се случи во близина на јеменското пристаниште Ходеида, предизвика голема штета на под палубата, која беше поплавена со што е оневозможено маневрирањето на Тутор.
Организацијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) денеска соопшти дека екипажот на бродот е евакуиран и дека напуштениот брод плута во Црвеното Море.
Хутите ја презедоа одговорноста за нападите врз малите бродови и ракетните напади како дел од кампањата за која велат дека е за поддршка на Палестинците и дека е насочена кон бродовите кои пловат за Израел.