вторник, 22 октомври 2024

Тошковски се врати во МВР, министерската функција ја презеде од Буши

Панче Тошковски се врати во Министерството за внатрешни работи. Тој беше технички министер за внатрешни работи, а поднесе оставка по завршувањето на парламентарните избори, согласно законот, како што рече. Во новата влада на премиерот Христијан Мицкоски тој е назначен за министер за внтарешни работи и Тошковски денеска ја презеде функција од Назим Буши, кој го раководеше МВР од денот кога Тошковски ја поднесе оставката како технички министер.

Објавено на

часот

Сподели

На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството, соопштија од МВР.

Тошковски синоќа, по изборот на новата влада, преку Фејсбук објави дека со работа започнува веднаш.

„Нашата цел е да создадеме полиција која ќе работи исклучиво во служба на граѓаните и вистински ќе се бори против криминалот. Затекнавме состојба на хаос и нефункционалност во Министерството за внатрешни работи, која беше недостоинствена за секој македонски граѓанин. Ќе работиме на воспоставување ред и стабилност, унапредување на професионалноста и транспарентноста, како и обезбедување услови за работа кои ќе овозможат секој еден вработен да ја извршува својата работа со гордост и посветеност.

Ќе воведеме функционална систематизација со која ќе ја решиме пренатрупаноста во одредени сектори и недостатокот на кадар во други. Секој ќе мора да ја заслужи својата плата, а ние ќе се потрудиме да обезбедиме соодветни услови за работа“, вети Тошковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ