недела, 14 јули 2024

Топлотниот бран што ја зафати земјава негативно влијае врз земјоделството

Топлотниот бран што ја зафати земјава негативно влијае врз земјоделството. Почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата поради што е неопходно наводнување, особено на пролетните окопни и на индустриските култури.

Објавено на

часот

Сподели

Според агрометеоролозите, високите температури влијаат и на повеќегодишните растенија кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат. Можно е, предупредуваат, да дојде до заболувања на некои сорти винова лоза и затоа треба да се посвети поголемо внимание на нивна заштита.

Ваквите временски услови се оптимални само за есенскиот јачмен кој веќе се прибира.

„Изминатава седмица имавме високи и надпросечни температури. Овие температури влијаат негативно врз земјоделските култури со тоа што доаѓа до интензивна евапотранспирација. Од друга страна, ваквите временски услови беа оптимални за есенскиот јачмен каде се наоѓа во фаза на полна зрелост. Во оваа фаза јачменот се прибира. Некои сорти од виновата лоза кои се во фенофаза заметнување на зрната и формирање гроздови, може да бидат осетливи на инфекции од најзначајните патогени болести како причинителот на пламеница, пепелница и сиво гниење. Затоа треба да се посвети поголемо внимание на нивна заштита. Потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува наводнување на културите, особено на пролетните окопни и индустриски култури“, порачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според УХМР, за време на викендот ќе преовладува стабилно време, а од понеделник ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ