недела, 24 ноември 2024

Топлотниот бран на северот на Индија однесе 166 животи: Жителите се плашат да излезат надвор

Објавено на

часот

Сподели

Индискиот метеоролошки оддел соопшти дека температурата достигнала 43,5 степени целзиусови во северна Индија. Топлотен бран официјално се прогласува во Индија ако температурата е над 45 степени Целзиусови или ако е најмалку 4,5 степени целзиусови над нормалата за одредена област.

Во сојузната држава Утар Прадеш на северот на Индија, 119 лица ги загубија животите поради екстремни горештини, додека 47 смртни случаи се регистрирани во соседен Бихар.

Вработен во погребната куќа во градот Деорија изјави дека толку многу луѓе умираат од жештините што тој и неговите колеги работат без престан.

Жителите на градовите погодени од топлотниот бран велат дека се плашат да излезат надвор.

Најголемата болница во областа Балија во Утар Прадеш веќе не е во можност да прима пациенти. Мртовечницата е преполна затоа што на жештините починале 54 стари лица, иако од различни причини.

Министерот за здравство Брајеш Патак изјави синоќа дека тим од два члена ќе испитува што е причината за големиот број смртни случаи и колку од нив се директно поврзани со горештините.

Тешката состојба предизвикана од високите температури се надополнува со постојаните прекини на електричната енергија низ регионот, поради што луѓето остануваат без вода, вентилатори и климатизација.

Во болницата во Бали ситуацијата е слична на онаа за време на пандемијата на коронавирус. Семејствата и лекарите се преплавени од големиот број пациенти на кои ѝм е потребна итна медицинска помош.

„Целиот наш персонал овде е преплавен со работа веќе трет ден“, рече д-р Адитја Синг.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ