Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во текот на летото, кое е особено жешко во Саудиска Арабија.
Само вчера имаше повеќе од 2.700 случаи на „исцрпеност од топлина“, соопшти саудиското Министерство за здравство.
„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на аџилакот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на сонце“, соопшти Министерството, пренесе државната телевизија.
Саудиската метеоролошка служба објави на платформата Икс дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.
Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека 14 јордански аџии загинале поради сончев удар предизвикан од екстремни горештини, 17 се водат како исчезнати.
Техеран објави дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца аџии.
Годинава на аџилак се собрале речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони дошле од странство, соопштија властите на Саудиска Арабија.