сабота, 19 октомври 2024
Англискиот клуб потврди

Тонали за рекорден трансфер потпиша за Њукасл

Објавено на

часот

Сподели

Сандро Тонали од Милан се пресели во Њукасл за рекорден трансфер, тој е најскапиот италијански фудбалер.

„Со задоволство можеме да информираме дека потпишавме со Сандро Тонали од Милан“, стои во соопштението на Њукасл.

Договорот е вреден 70 милиони евра вклучително и бонуси, а Милан ќе има и 10 проценти од следната продажба.

Доколку се остварат бонусите тоа ќе биде и рекордна продажба на Милан, претходниот рекорд го држеше Кака кој замина во Реал Мадрид за 67 милиони евра.

Тоа е и 5та рекордна продажба од Серија А по Лукаку, Погба, Игуаин и Зидан.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ