вторник, 22 октомври 2024

Толпа упадна на аеродром во Русија, барајќи патници од Израел. Уапсени 60 лица, повредени 9 полицајци (ВИДЕО)

Шеесет лица се приведени откако синоќа стотици антиизраелски демонстранти упаднаа на аеродромот во Махачкала во претежно муслиманскиот регион Дагестан во Русија, јави утринава руската новинска агенција РИА.

Објавено на

часот

Сподели

РИА објави дека се идентификувани 150 од најактивните демонстранти. Во инцидентот наводно се повредени девет полицајци, од кои двајца се на лекување во болница.

Демонстранти синоќа упаднаа на пистата и во зградата на аеродромот во Махачкала, главниот град на Дагестан, руска република со мнозинско муслиманско население, по најавата за пристигнување на авион од Тел Авив. Барале патници од Израел.

Руските безбедносни сили доцна синоќа соопштија дека сите „неовластени граѓани“ се отстранети од аеродромот во Махачкала и дека ситуацијата е под контрола. Воздухопловните власти соопштија дека аеродромот во Махачкала ќе остане затворен до 6 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ