сабота, 19 октомври 2024
„Специјалниот“ исто така е во игра за тренерското столче на „Стемфорд Бриџ“

Тод Боли не знае каде тера, по трет пат ќе го враќа Мурињо во Челси?!

Објавено на

часот

Сподели

„Сините“ вчера го именуваат Френк Лампард како привремен тренер, се очекува Англичанецот да го предводи Челси до крајот на сезоната а потоа да пристигне ново име.

Луис Енрике и Јулијан Нагелсман се посочуваат како главни фаворити, но Тод Боли и неговите соработници спроведуваат темелен и опсежен процес и во моментов сите опции се отворени.

Вчера се пишуваше дека е остварен контакт со Антонио Конте, последниот тренер кој на Челси му донесе титула во Премиерлигата, но и кој си замина под спорни околности, целата работа заврши на суд и со исплата на рекордна компензација од 26,6 милиони фунти.

Сега пристигнуваат информации за уште еден изненадувачки избор, Ревело објави дека и Жозе Мурињо е во комбинација за тренерското столче на „Стемфорд Бриџ“.

Португалецот веќе два пати ги предводеше „сините“, па сега се опипува терен и за трета авантура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ