Работите се променија во Бундеслигата откако Баерн Минхен доживеа пораз на свој терен од Лајпциг. Момците на Тухел мораа да дојдат до победа, но загубија.
Баерн водеше по првото полувреме со гол на Гнабри во 25. минута, во тие моменти се чинеше дека се оди според планот.
Но, Лаимер во 65. минута изедначи на 1-1, а Нкунку десет минути подоцна погоди за комплетен пресврт и водство на Лајпциг од 2-1, на пет минути до крајот Собослаи само ги постави конечните 3-1.
Ако Борусија Дортмунд утре победи на гостувањето кај Аугсбург, ќе избие на првото место на коло до крајот во Бундеслигата.