сабота, 19 октомври 2024

„Тигрите“ со хеликоптер спасиле повреден планинар на Осогово (ВИДЕО)

Повреден планинар бил спасен од Осогово со заедничка акција на полициските тигри – алпинисти и хеликоптерската единица на МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска околу 17 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските Планини, откако во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.

н

Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ