сабота, 19 октомври 2024

Тигрите од хеликоптер го спасија пожарникарот останат на непристапен терен (ВИДЕО)

На непристапен терен во штипско по еден час потрага, пилоти кои гаснеле од воздух, го лоцирале пожарникарот кој гасејќи пожар го снемало, по што колегите го пријавиле за исчезнат. Како што првично јави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, првиот обид за извлекување на пожарникарот со сајла од хеликоптер бил неуспешен, поради што еден од полицајците останал со пожарникарот на теренот. Биле алармирани и други пожарникари кои го знаат теренот на планината Серта, но на Ангелов му јавиле од МВР дека со хеликоптер се испратени алпинисти од полициската единица Тигри кои потоа извршиле сложена и успешна акција на спасување.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска околу 12.30 часот, по добиено известување од Центарот за управување со кризи дека е исчезнат пожарникар ангажиран во гасење на пожар во село Селце, општина Штип, хеликоптер бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици и алпинистички тим од САЕ Тигар полета и се вклучи во потрага по исчезнатиот пожарникар. Во 13.30 часот лицето е лоцирано на непристапен терен, по што е изведена крајно сложена акција, при што е спуштена алпинистичка екипа на САЕ Тигар со витло и лицето е безбедно пренесено на безбедна локација“, информира МВР.

Командираот на штипските пожарникари, Дарко Коцев, попладнево изјави дека пожарникарот кој беше извлечен од планината Серта  се чувствува добро но дека го прегледуваат лекари од итнтата помош за да ја утврдат неговата здравствена состојба.

Коцев информира дека на пожарникарот, кој има над дваесетгодишно работно искуство, трагата му се загубила утринава околу 9.30 часот. Во потрагата се вклучиле 15 негови колеги, полициски хеликоптер и ловџии.  

Командирот нагласи дека пожарот на Серта е раширен на 50 хектари и дека со гаснењето веројатно ќе се продолжи и утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ