вторник, 22 октомври 2024
Премиерлига

Тежок пораз на Манчестер јунајтед на Олд Трафорд (ВИДЕО)

По победата над Челси во минатото коло, Манчестер јунајтед доживеа дебакл на Олд Трафорд откако загуби со 3-0 од Борнмут.
 

Објавено на

часот

Сподели

Ден откако Тен Хаг и Мегваер ги добија наградите за најдобри на месецот, Манчестер јунајтед доживеа шок пред своите навивачи.

Манчестер јунајтед одигра очаен меч, кој на крајот можеше да заврши и со поубедлив пораз, но ВАР поништи гол на Борнмут во судиското продолжение.

Мечот го отвори Соланке уште во петтата минута, во вториот дел погодија и Билинг и Сенеси за победа од 3-0.

Во другите мечеви од 16 часот во Премиерлигата, Брајтон и Барнли одиграа нерешено 1-1, со ист резултат заврши и дуелот меѓу Вулвс и Нотингем форест, Шефилд јунајтед со 1-0 беше подобар од Брентфорд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ