Македонските надежи подолго време играат под сите очекувања, но селекторот Драган Канатларовски и натаму е како заштитена мечка за селекторската позиција. Тој не ни помислува да преземе одговорност и да поднесе оставка, а ФФМ нема некоја желба да го смени.
Дотогаш ќе гледаме срамни настапи на Македонија каков што беше овој денеска во Амере, Холандија на кој не го видовме ниту голманот на противникот.
Отпор немаше никаков, примивме гол уште во втората минута од натпреварот кога Регер постигна погодок за водство на Холанѓаните од 1-0.
Во 22. минута следуваше катастрофален кикс на Алчевски кој ги почести домаќините со гол, подарокот го реализираше Охио.
Со негатива од 2-0 заминавме на одморот, а благодарение на неколку одлични интервенции на Алчевски таа предност не беше повисока.
Во вториот дел сликата беше иста, Хоалндија играше „викторија“ пред нашиот гол. Домаќините создаваа шанси и постигнуваа голови.
Течеше 61. минута кога Манхоеф даде гол за 3-0, а осум минути подоцна истиот фудбалер зголеми и на 4-0.
Оној кој ја отвори серијата и ја затвори, Регер на 15 минути до крајот реализираше за победа на Холандија од 5-0.
Македонија на овој меч немаше ниту еден шут на голот, имавме само 20 проценти посед на топката. Статистиката кажува се за нашето издание на овој натпревар.