петок, 25 октомври 2024

Тетовската полиција откри превозник без лиценца, СВР Тетово казни триесетина други несовесни возачи

Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово вчера од 10 до 15 часот спровел акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз. При контролата откриени и санкционирани се 2 возила со неисправни сопирачки и 1 возило со истечена регистрација. Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра за физичко, 2.000 евра за правно лице и плус 500 евра во денарска противвредност за неговото одговорно лице.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Во вчерашната контрола, исто така, санкционирани се и двајца возачи кои управувале возило без положен возачки испит, 10 возачи кои непрописно ги паркирале нивните возила, од кои 5 возила биле и подигнати од тетовската пајак-служба, како и 12 други видови сообраќајни прекршоци“, информираа од СВР Тетово.

Оттаму уште соопштија дека поднеле кривична пријава против Ш.Ф. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење на јавен превоз без поседување на лиценца.

„На 10 април 2023 на регионален пат Тетово – Пирок, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца“, информираше СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ