вторник, 22 октомври 2024

Тешко повреден велосипедист, возачот што го удрил избегал

Велосипедист е тешко повреден кога во него удрил автомобил, но возачот избегал.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека вчера во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило марка ауди со скопски регистарски ознаки удрило во велосипед управуван од В.Ч.(49) од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ