четврток, 24 октомври 2024

Тешки сообраќајки во Куманово, Тетово, Скопје и Струга

На улицата „Братство-единство“ во Куманово вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.Ш. (41) од Куманово и патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С. (40) од село Романовце-кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

Објавено на

часот

Сподели

На регионалниот пат Скопје-Тетово патничко возило „шевролет спарк“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (25) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С. (33) од Тетово, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник И.И. (36) од Тетово, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Вчера на улицата „1632“ товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. (44) од Скопје, удрило во пешакот В.З. (61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Тешки телесни повреди добил И.Т. ,шофер на патничко возило бмв кое на автопатот Скопје-Куманово во близина на пешачкиот надвозник Маџари во Скопје се судрило со „митсубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П. (39) од Скопје. Телесни повреди сдобиле и  В.П. и уште двајца нејзини малолетни сопатници, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На граничниот премин Ќафасан мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Д. (46) од Струга излетал надвор од коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ