сабота, 19 октомври 2024

Тенисерот кој го елиминираше Ѓоковиќ го заврши настапот на Индијан Велс

Кратко траеше бајката на Лука Нарди на Индијан Велс, италијанскиот тенисер направи сензација против Ѓоковиќ, но немаше сили да помине уште некоја пречка.

Објавено на

часот

Сподели

Тој со убедливи 2-0 во сетови загуби од Американецот Томи Пол. Првиот сет беше 6-4, вториот 6-3.

Со ваквиот настап, Нарди покажа дека неговата идеална партија против Новак Ѓоковиќ беше само моментален блесок.

Медведев со 2-0 го совлада Димитров, 6-4 и 6-4.

Каспер Руд со пресврт дојде до победа над Монфис. Французинот го доби првиот сет со 6-3, но следуваа два на Норвежанецот со 7-6 и 6-4.

Слично беше и на мечот меѓу Фриц и Руне. Американецот поведе со 1-0 добивајќи го првиот сет со 6-2, но потоа Данецот се крена и следните два ги доби со 7-6 и 6-3.

Денеска на програмата се четвртфиналните дуели, играат: Лехечка – Синер, Пол – Руд, Зверев – Алкараз и Медведев – Руне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ