петок, 25 октомври 2024
Реакција на еден од основачите на СДСМ

Teмелковски: Го снема Д од СДСМ, новото Д е диктатура или дебилизам

Зоре Темелковски, еден од основачите на СДСМ, реагира по вчера одлпожениот конгрес на партијата на кој требаше да се расправа за катастрофалниот пораз на двојните избори, нагласуваjќи дека во името на СДСМ ја нема повеќе буквата Д.

Фото: Скриншут

Објавено на

часот

Сподели

„Не е изгубен само компасот, туку изгубен е и капетанот на бродот на СДСМ, а посадата очигледно не обединета, го лула уште посилно и побрзо во амбисот.

Денес официјално го снема Д од СДСМ, успеа ова раководство да ја уништи демократијата во СДСМ и на легитимоно избрани делегати на конгрес (од истово ова раководство) да им забрани право на збор на дебата, со цел да не пукнел дополнителен страм.

Новото Д во СДСМ од сега е зборот диктатура или дебилизам“, вели во својата реакција Темелковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ