сабота, 19 октомври 2024

Телеграф: На Британија ѝ снемува оружје за Украина, „дадовме сѐ што можевме“

Дадовме сè што можеме да си дозволиме и сега другите земји треба да стапат во акција, вели висок воен функционер.

Објавено на

часот

Сподели

На Велика Британија ѝ снемува одбранбена опрема за донирање на Украина, а другите земји треба да се вклучат и да преземат поголем товар, изјавил висок воен функционер, откако бившиот министер за одбрана Бен Валас откри дека побарал од Риши Сунак да обезбеди над 2,3 милијарди фунти за поддршка за Украина пред да поднесе оставка од функцијата минатиот месец.

Валас предупредуваше дека Германија го претекнала Обединетото Кралство како најголем европски воен донатор на Украина и повика на зголемување од 50 отсто на средствата од Британија.

Западната алијанса претрпе серија удари во последниве денови, вели Телеграф, при што поддршката за Украина гасне поради предлог-законот за буџетот на САД, изборниот успех на проруската партија во Словачка и расправиите меѓу Полска и Киев околу снабдувањето со жито.

Во понеделникот, Кремљ тврдеше дека замореноста на Западот од војната „ќе расте“. Белата куќа одговори дека Владимир Путин погрешно мисли дека може да ја надживее прокиевската алијанса.

„Дадовме сѐ што можеме да си дозволиме“

Синоќа високиот воен извор рекол за Телеграф дека Обединетото Кралство не треба да биде одговорно да ги обезбеди „милијардите“ на кои повикуваше Валас.

„Да се даваат уште милијарди не значи да се даваат милијарди од британската торба“, рекол тој и додал дека Обединетото Кралство мора да ги „охрабри другите нации да дадат повеќе пари и оружје“.

„Ние дадовме онолку колку што можеме да си дозволиме“, додал тој.

„Ќе продолжиме да набавуваме опрема за да ѝ даваме на Украина, но она што им треба сега се средства за противвоздушна одбрана и артилериска муниција, а нам сето тоа ни се потроши“.

Во понеделникот, Сунак беше принуден да инсистира дека посветеноста на Обединетото Кралство кон Украина нема да се „поколеба“ во контекст на коментарите на Валас.

„Ќе продолжите да гледате како ние даваме значителна поддршка“, им рече на новинарите неговиот официјален портпарол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ