вторник, 5 ноември 2024

Телата и црните кутии најдени на местото на падот на авионот на Пригожин

Објавено на

часот

Сподели

„Сега се вршат молекуларно-генетски тестови“, рекоа истражителите додавајќи дека жртвите на несреќата допрва треба да се идентификуваат, пренесе Би-би-си.

Вкупно 10 тела се пронајдени на местото на несреќата, се вели во соопштението на рускиот Истражен комитет. Таа бројка одговара на бројот на патниците и членовите на екипажот наведени на манифестот на авионот, во кој беше и името на Пригожин. Во моментов се вршат ДНК-тестови за да се идентификуваат сите жртви, според портпаролката на Комитетот, Светлана Петренко, пренесе РТ.

Инспекторите сè уште го пребаруваат местото на несреќата, рече таа, додавајќи дека се собираат сите релевантни податоци и докази за да се „детализираат сите околности на воздушната катастрофа“. Истрагата сè уште ги разгледува „сите потенцијални верзии“ на инцидентот, додаде таа.

Авионот се урна во средата во близина на Москва, предизвикувајќи шпекулации дека причината е бомба или проектил.

Тврдењата дека Кремљ дал наредба да се убие Пригожин се „целосна лага“, изјави претходно за Би-би-си портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.

За време на конференцијата во петокот со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за Би-би-си дека има „многу шпекулации“ околу „трагичната“ смрт на сите 10 лица во воздушната несреќа во средата во регионот Твер, северозападно од рускиот главен град.

Пригожин и неговата десна рака Дмитриј Уткин, како и уште пет патници и тројца членови на екипажот, се наоѓале во авионот ембраер легаси 600, според списокот на патници.

„На Запад, се разбира, овие шпекулации доаѓаат од одреден агол. Сето тоа е целосна лага“, рече Песков.

„Во моментов немаме многу факти, фактите треба да се разјаснат во текот на официјалната истрага што се спроведува сега“, додаде тој.

И покрај манифестот на авионот, Песков одби да каже дали Кремљ имал потврда дека Пригожин дефинитивно бил во соборениот авион.

Иднината на самиот Вагнер, исто така, дополнително е доведена во сомнеж поради претпоставената смрт на Пригожин.

Во петокот, лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека до 10.000 борци на Вагнер и натаму ќе бидат сместени во земјата.

По несреќата, рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до семејствата на жртвите и вети дека истрагата за инцидентот ќе биде темелна. Тој, исто така, го нарече Пригожин „талентиран човек“ со „комплицирана судбина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ