вторник, 22 октомври 2024

ТАВ Македонија: Никој не сакаше да ѝ го одземе телефонот на косовската претседателка

Категорично ги отфрламе наводите дека наш вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка за време на нејзиниот престој во ВИП салонот на Меѓународниот аеродром Скопје. Телефонот ѝ беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген, се вели во реакцијата на ТАВ Македонија по соопштението на претседателката на Косово.

Објавено на

часот

Сподели

„Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот.

Виенската конвенција за дипломатски односи ги ослободува од безбедносен преглед само официјалните гости на Владата на Република Северна Македонија, а операторот на аеродромот добива официјално известување за таквите изземања од Министерството за внатрешни работи. Насоките што ги доби нашиот Оддел за обезбедување од страна на Одделот за заштита на одредени лица и објекти јасно кажуваат дека членовите на делегацијата мора да поминат стандардна безбедносна проверка во согласност со утврдените процедури“, соопшти ТАВ Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ