четврток, 25 јули 2024
Непријатна случка со среќен крај

Таткото на помошникот на Пеп исчезнал во Истанбул по финалето од ЛШ

Објавено на

часот

Сподели

Непријатната случка завршила со среќен крај, но Енцо Мареска преживеал вистинска драма во моментите кога требаше да го слави историскиот трофеј со Манчестер Сити.

На финалето во Истанбул бил неговиот татко, сепак во текот на ноќта исчезнал и по него почнала потрага. Биле информирани навивачите на Манчестер Сити, било пријавено и во полицијата.

Нема информации што се случило, но Сити информираше дека таткото на Енцо Мареска утринава бил пронајден во добра состојба.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ