недела, 20 октомври 2024

Таткото на Ендрик: Немав храна да му дадам кога беше гладен

Бразилскиот напаѓач, Ендрик е промовиран како засилување на Реал Мадрид кое треба да биде многу значаен дел од иднината на кралскиот клуб, Бразилецот беше претставен како мега ѕвезда.

Објавено на

часот

Сподели

Промоцијата беше многу емотивна, Еднрик рече дека тешко му е да ги опише чувствата бидејќи од дете сонувал да игра за Реал Мадрид и среќен е што ова се случува не само поради него, туку и поради неговите родители кои постојано му давале поддршка.

Неговиот татко сега открива потресна случка од детството на Ендрик. Тие биле толку сиромашни, што еден ден тој немал да му даде храна на својот син.

„И понатаму го паметам денот, еден ден кога Ендрик беше дете, бараше од мене нешто да јаде и ми рече: „Тато, многу сум гладен“. Седев на креветот и отидов да барам во фрижидерот и кујната… немав што да му дадам да јаде. Му реков: „Ендрик, сине мој, немаме ништо“. Потоа почнав да плачам, тој набрзина ме гушна силно и ми рече: „Тато, не се грижи, ќе станам фудбалер и ќе те извлечам од овие проблеми“, открива таткото на Ендрик, Даглас Соуса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ