сабота, 19 октомври 2024

Талибанците почнаа да палат музички инструменти. „Музиката го уништи општеството“

Објавено на

часот

Сподели

Талибанците ја забранија нерелигиозната музика последен пат кога владееја со земјата во 1990-тите. Објавените фотографии покажуваат дека службениците се собрале околу оган од музички инструменти, вклучувајќи гитари, хармоники и звучници. Авганистан има силна музичка традиција, под влијание на иранската и индиската класична музика, пишува ДВ.

Исто така, има успешна поп-музичка сцена која ги спојува електронските инструменти и денс-ритмовите со потрадиционалните ритами. Растот на таа сцена се случи во изминатите 20 години пред талибанците да дојдат на власт во 2021 година. Талибанците воведоа остри мерки откако ја презедоа контролата врз Авганистан во август 2021 година по повлекувањето на силите на САД и НАТО.

Студентите и наставниците во Авганистанскиот национален музички институт, некогаш познат по својата инклузивност, не се вратија на настава откако Талибанците ја презедоа власта. Многу музичари исто така побегнаа од земјата. Талибанците ветија поумерено владеење од она на нивниот претходен престој на власт во 1990-тите.

Тие ветија дека ќе ги овозможат правата на жените и на малцинствата. Наместо тоа, тие повторно воведоа остри мерки во согласност со своето строго толкување на исламскиот закон или шеријатот. Спроведоа јавни егзекуции, го забранија образованието на девојчињата по шесто одделение и исто така на жените им ги забранија повеќето облици на вработување.

Претходно оваа недела, талибанците најавија дека сите салони за убавина треба да бидат затворени бидејќи нудат услуги забранети со исламот и предизвикуваат економски тешкотии на семејствата на младоженците за време на свадбените веселби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ