петок, 18 октомври 2024

Талибанците наредија затворање на фризерските и козметичките салони

Објавено на

часот

Сподели

Слободите на жените постојано се намалуваат откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година. Тие им забранија на тинејџерките и жените пристап до училници, спортски сали и паркови, а неодамна им забранија и да работат за Обединетите нации. Тие, исто така, наложија жените да бидат облечени така што да им се гледаат само очите и дека мора да бидат придружувани од машки роднина доколку патуваат подалеку од 72 километри.

Ограничувањата продолжија и покрај меѓународната осуда и протестите на жените, како и активистите кои зборуваа во нивно име. Затворањето на козметичките салони е дел од широкиот опсег на мерки наметнати од талибанците кога тие беа на власт последен пат помеѓу 1996 и 2001 година. Сепак, салоните повторно беа отворени по американската инвазија на Авганистан.

Салоните останаа отворени и откако талибанците повторно ја презедоа власта пред две години, по повлекувањето на американските сили. Сепак, излозите на салоните најчесто биле покриени, додека сликите на жените надвор од салонот биле исцртани со спреј за да се сокријат нивните лица. Талибанската влада не објасни што ја поттикнало забраната или какви алтернативи, ако ги има, ќе им бидат достапни на жените по затворањето на салоните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ