петок, 25 октомври 2024

Такер Карлсон: Крим ѝ е вратен на Русија со демократски референдум

Крим стана дел од Руската Федерација благодарејќи на демократски референдум, изјави американскиот новинар Такер Карлсон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во Крим е одржан референдум на кој мнозинството граѓани, односно 90 отсто од руското население на Крим било прашано дали сакаат да бидат дел од Украина по превратот во 2014 година или дел од Русија. И тие рекле –  од Русија. Би рекол дека тоа е демократски процес”, изјави Карлсон во интервјуто со водителот Крис Куом.

Популарниот водител рече и дека западните санкции што ѝ се воведени на Русија се спротивни на концептот на светскиот поредок заснован на правилата.

“Оваа мерка не е заснована на правилата туку станува збор за мошне сурова политика што ја спроведува американската влада користејќи ги доларот и санкциите”, прецизираше Карлсон, и додаде дека е против исклучувањето на Русија од системот СВИФТ и одземањето на имотот од руските бизнисмени.

Според неговите зборови, мерките што ги презема Вашингтон против Русија ќе ги натераат и другите да се замислат за тоа дали да ги држат активите во САД и дали да го користат доларот.

Крим е приклучен кон Русија по референдумот одржан на 16 март 2014 година, а по државниот преврат во Киев. За обединување со Русија гласале 96,77 отсто избирачи на Република Крим и 95,6 отсто гласачи на Севастопол. Украина и понатаму го смета Крим за своја привремено окупирана територија, додека претседателот на Русија Владимир Путин смета дека прашањето за Крим е затворено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ