петок, 25 октомври 2024

Тајван: 23 кинески авиони се забележани околу островот за помалку од три часа

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека за помалку од три часа околу островот биле забележани 23 кинески авиони.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Откривме вкупно 23 авиони, од кои 16 ја преминаа средишната линија на разграничување во Тајванскиот теснец“, соопшти Министерството за одбрана.

Како што се додава, меѓу забележаните авиони имало борбени авиони, транспортни авиони и беспилотни летала.

Кина изврши слични упади неколку пати од инаугурацијата на новиот претседател на Тајван на 20 мај.

Кина го смета островот Тајван за своја територија и рече дека е подготвена да го врати и со сила доколку е потребно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ