вторник, 8 октомври 2024

Тачи и официјално потврди дека ДПА веќе не е дел од Европскиот фронт

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи вечерва соопшти дека тој и неговата партија веќе нема да бидат дел од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Сто дена се малку за да се анализира работата на една Влада. Причината зошто отсуствував на прес-конференцијата за стоте дена за владеењето на Владата организирана од Европскиот фронт е поради тоа што јас и ДПА веќе нема да бидеме дел од Фронтот“, рече Тачи вечерва во гостување на Клан Македонија.

Пратеничката група на Коалицијата Европски фронт функционира во полн состав, истакна денеска координаторот на пратеничката група Блерим Беџети одговарајќи на новинарско прашање околу наводите во медиуми дека претстедателот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи се повлекува од коалицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ