вторник, 22 октомври 2024

Тачи: ДПА ќе биде конструктивна опозиција, власта ќе наиде на силен отпор

Демократската партија на Албанците одржа Централно собрание на кое, меѓу другите заклучоци, е наведено дека ДПА ќе биде конструктивна опозиција. Лидерот Мендух Тачи изјави дека власта, кај која се евидентни антиалбански потези, ќе наиде на жесток опозициски отпор.

Објавено на

часот

Сподели

„Епилогот од парламентарните избори ја делегитимира политичката волја на Албанците, а застапеноста во извршната власт е понижена како никогаш досега, но ДПА ќе продолжи со својата политичката активност како конструктивна опозиција, со цел да продолжи да се грижи за националните и стратешки интереси.

Согласно на последните случувања и сериозната политичка ситуација во земјата, сметаме дека Европскиот фронт останува единствената легитимна албанска коалиција – бранител на интересите и правата на Албанците, па затоа, ДПА како најстара албанска партија, која има докажано дека ги унапредува позициите и правата на Албанците, ќе продолжи соработката со Европскиот фронт“, се вели во заклучоците од состанокот и се додава дека ДПА многу внимателно ќе ги следи случувањата поврзани со евроинтеграцискиот пат на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ