понеделник, 21 октомври 2024

СЗО: Нема повеќе маларија во Египет, историско достигнување

Светската здравствена организација (СЗО) вчера потврди дека Египет сега е без маларија, достигнување што Агенцијата за јавно здравје на Обединетите нации го поздрави како „навистина историско“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Маларијата е стара колку и египетската цивилизација, но болеста што ги мачеше уште фараоните сега е историја, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува Би-би-си.

Египетските власти ги започнаа првите напори за контрола на смртоносната болест што ја пренесуваат комарците пред речиси 100 години.

Потврда дека болеста е искоренета се дава кога државата ќе докаже дека синџирот на пренос е прекинат најмалку три претходни години.

Во вчерашното соопштение СЗО ги пофали египетската влада и народот за нивните напори да „ѝ стават крај на болеста што е присутна во земјата уште од античко време“.

Се вели дека Египет е третата земја што има сертификат во регионот на Источниот Медитеран, по Обединетите Арапски Емирати и Мароко.

Во соопштението се истакнува дека сертификацијата е само „почеток на нова фаза“ и се повикува Египет да биде внимателен за да не се врати болеста.

За да добие конечна потврда од СЗО, земјата мора да покаже капацитет да спречи повторно воспоставување на пренос на болеста.

Маларијата убива најмалку 600.000 годишно, а речиси сите случаи се во Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ