Основниот понуден мотор е 2,0-литарскиот ТФСИ со 204 коњски сили и 340 њутнметри вртежен момент, додека силата се пренесува на предните тркала. Покрај тоа, постои и опција за погон на сите четири тркала.
Купувачите во Европа ќе можат да одберат и 2,0-литарски ТДИ мотор со 204 коњски сили и вртежен момент од 400 њутнметри. Посилната верзија, моделот ес-кју-5, има 3,0-литарски шестцилиндерски мотор кој дава 367 коњски сили и 550 њутнметри максимален вртежен момент.
Од Ауди порачуваат дека унапредениот кју-5 е значително поудобен од претходникот, благодарение на новата платформа. Променет е и ентериерот, но не премногу.
Пред возачот е дигитална инструмент табла од 11,9 инчи со централен дисплеј од 14,6 инчи, додека совозачот на располагање има екран со големи од 10,9 инчи. Воланот нема физички контроли, копчиња и контрола на климата, туку до сè се пристапува преку екранот.
Што се однесува до дизајнот, Ауди наведува дека „паметните решенија прават кју-5 да изгледа помал отколку што навистина е“, и тоа без остри линии. Почетната цена за новиот ауди кју-5 е 52.300 евра, а посилниот ауди ес-кју-5 ќе чини од 82.900 евра па нагоре.