сабота, 19 октомври 2024

Светска конференција во Скопје: „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“

Во организација на Центарот за глобални промени, истражувачка единица на Филозофскиот факултет (УКИМ) утре и задутре во Скопје ќе се одржи ќе се одржи меѓународната научна конференција насловена „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“.

Објавено на

часот

Сподели

Во организацијата на конференцијата како помагач учествуваше Матица на иселениците од Македонија.

Центарот за глобални промени под водство на професорката Билјана Ванковска обезбеди присуство на врвни научни истражувачи од разни делови на светот.

Како воведничари на конференцијата ќе се претстават проф. Радика Десаи од Канада, проф. Ричард Саква од Обединетото Кралство, д-р Јан Оберг од Транснационалната фондација за истражување на мирот и иднината од Шведска и проф. Џанг Веивеи од Кина.

Тематските панели кои ќе следуваат опфаќаат широк спектар на најургентни и најсериозни проблеми од областа на меѓународната безбедност, геополитиката и геоекономијата.

Конференцијата ќе се одржи во хотелот Александар палас во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ