недела, 15 јуни 2025

Во Турција ќе се одржат два трилатерални состаноци наместо директни преговори

Денес во Истанбул, Турција ќе учествува на две трилатерални средби, наместо на мировни преговори, како дел од новите дипломатски напори за завршување на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, пренесуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Трилатерални преговори меѓу САД, Украина и Турција“ од една страна и меѓу „Руската Федерација, Украина и Турција“ од друга страна се на дневен ред, рече изворот.

Средба меѓу турските, американските и украинските претставници е закажана за 9:45 часот наутро по европско време. Потоа, американската страна ќе биде заменета со руската, па турската, руската и украинската делегација ќе разговараат во 11:30 часот по европско време, соопштија извори, пренесува Ројтерс.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан се сретна со советникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, во четврток вечерта, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така долго разговараа.

Министерството за надворешни работи на земјата домаќин додаде дека „не е сигурно дека состанокот ќе се одржи во квадрилатерален формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, објави АФП.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека нема напредок кон мир без средба меѓу него и рускиот лидер Владимир Путин, кој не сакаше да дојде во Истанбул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ