На состанокот што се одржа во Вашингтон во вторникот, американскиот државен секретар Марко Рубио му порача на министерот за надворешни работи на Мароко, Насер Бурита, дека „САД го признаваат суверенитетот на Мароко над Сахара“.
Во телефонскиот разговор помеѓу кралот Мохамед VI и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одржан во декември 2020 година, претседателот на САД го информираше кралот за издавањето на претседателски акт со неоспорна правна и политичка тежина и непосреден ефект, на тој начин објавувајќи ја одлуката на СAД да го признаат целосниот суверенитет на Кралството Мароко над целиот марокански регион Сахара.
Шефот на американската дипломатија повтори дека САД „го поддржуваат сериозниот, веродостоен и реалистичен предлог за автономија на Мароко како единствена основа за праведно и трајно решение на спорот“, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
Марко Рубио исто така повтори дека САД „продолжуваат да веруваат дека вистинската автономија под суверенитет на Мароко е единственото изводливо решение“. Рубио изјави дека претседателот на САД „апелира страните да почнат разговори без одложување, користејќи го предлогот за автономија на Мароко како единствена рамка за изнаоѓање на меѓусебно прифатливо решение“. Државниот секретар истакна дека „САД ќе го олеснат напредокот кон оваа цел“.