вторник, 20 мај 2025

Високиот претставник на Западот во БиХ: Постапките на Република Српска сугерираат отцепување

Високиот претставник на Западот за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит го извести Советот за безбедност на Обединетите нации дека властите на Република Српска со своите постапки го загрозуваат мирот во БиХ и Дејтонскиот договор, оценувајќи дека тоа е закана за целиот регион.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Високите претставници во БиХ имаат обврска секои шест месеци да го известуваат Советот за безбедност на ОН за состојбата во таа земја и ова е веќе 67-ми таков документ испратен во седиштето на ОН, осми во мандатот на Кристијан Шмит.

Извештајот треба да биде точка на дневниот ред на седницата на Советот за безбедност најавена за 6 мај. Покрај Шмит, на седницата треба да учествува и Жељка Цвијановиќ, претседателката на Претседателството на БиХ, па се очекува тие двајца да изнесат целосно спротивни оценки за состојбата во БиХ.

Медиумите во БиХ пренесоа делови од извештајот на Шмит во кои се наведува дека властите на Република Српска го засилиле нападот на уставниот поредок на БиХ со закони со кои во тој ентитет се обидува да се спречи дејствувањето на државните правосудни тела и полициски агенции.

„Со усвојувањето на законите во народното собрание на РС со кои се забранува работата на правосудните институции и телата за спроведување на законите на државно ниво на територијата на РС се наведува фактичка сецесија“, се тврди во извештајот.

За особено опасен Шмит го смета обидот да се донесе нов устав на РС кој на ентитетот би му дал овластувања кои сега ѝ припаѓаат на БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ