На кинеските социјални мрежи се шири вирално видео генерирано од вештачка интелигенција кое прикажува запуштени, незадоволни Американци како работат во стари фабрики. Во пораката се потсмева идејата на Трамп за „реиндустријализација“, односно враќање на производството во Соединетите Американски Држави, како и сите оние кои веруваат дека таа политика ќе им донесе корист на американските работиници.
Chinese memes on American re-industrialization rolling in. lol the music. 😂 pic.twitter.com/GZE2jHDgWZ
— Gabor Gurbacs (@gaborgurbacs) April 7, 2025
Откако видеото се појави на американските платформи, многумина се препознаа во прикажаното сценарио.
„Лажно… нема електрични скутери“, се шегува еден корисник на Редит, мислејќи на стереотипот за дебелите американски потрошувачи.
„Амбициозно е да се претпостави дека некој ќе може да си дозволи скутери (или да има здравствено осигурување) кога ќе дојде тој ден“, додава друг.
“Make the sock” pic.twitter.com/UTinobjAwp
— Stilicho (@StilichoReads) April 7, 2025
Ова популарно кинеско видео означува интересен пресврт во перцепцијата. Долго Американците го форсираа стереотипот на кинеските работници како евтина работна сила кои произведуваат „кинеско ѓубре“. Но сега Кинезите ги потсетуваат Американците дека и кај нив постојат светшопови, и дека политиката на Трамп може да ги прошири.
Економските аналитичари предупредуваат дека плановите на Трамп би можеле дополнително да ја осиромашат веќе ранливата американска работничка класа и да ја засилат моќта на големите корпорации над секојдневниот живот на луѓето.
Сепак, реториката за американската индустриска смрт не е реална. САД во моментов имаат втора најголема производна база во светот, со удел од речиси 16 отсто во глобалното индустриско производство.