вторник, 24 јуни 2025

Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, две лица загинаа и 22 повредени (ВИДЕО)

Најмалку 22 лица се повредени, од кои тројца се во сериозна состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Две лица загинаа, 22 се повредени, од кои двајца во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави утринава градоначалникот Ерик Адамс.

Адамс на платформата Икс изјави дека три од јарболите на бродот биле оштетени минатата ноќ кога бродот удрил во мостот поради механички дефект, објави Ен-би-си њуз.

Нуркачи ја истражуваат областа околу мостот како превентивна мерка, соопштија претходно три полициски извори.

Комесарот за транспорт на градот Њујорк, Иданис Родригез, изјави дека раководителот на одделот за мостови е на лице место и дека прелиминарната проценка заклучила дека нема знаци на поголема штета.

Адамс изјави дека мостот е отворен за сообраќај.

Бродот, на кој имало 277 лица, се движел кон Исланд.

Американската крајбрежна стража соопшти дека бродот ги изгубил врвовите на два јарбола, но дека сите членови на екипажот се пронајдени. Повредените биле пренесени во болница.

Мексиканската морнарица потврди дека бродот е оштетен и дека инцидентот се истражува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ