вторник, 22 октомври 2024

Сведок на нападот на бегалскиот камп во Газа: „Деца носеа други ранети деца“ (ВИДЕО)

Мохамад Ал Асвад бил на само 100 метри од бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа кога слушнал звук на огромни ракети.

Објавено на

часот

Сподели

Израел вчера бомбардираше бегалски камп, кој е еден од осумте најголеми бегалски кампови во Појасот Газа. Во нападот загинаа десетици луѓе.

„Трчав како луд низ областа. Го најдов моето семејство на безбедно, но глетката беше ужасна“, рекол Ал Асвад за Си-ен-ен по телефон од Појасот Газа.

„Деца носеа други повредени деца“

„Децата носеа други повредени деца и трчаа, а воздухот го исполнуваше сива прашина. Тела висеа од урнатините, многу од нив непрепознатливи. Некои крвавеа, а други беа изгорени“, рече тој.

Тој рече дека повеќето од неговите роднини живеат во оваа област, како и многу прогонети што дошле таму. Погодената област била толку жешка што си ги изгорел нозете, рече тој.

„Луѓето беа хистерични, повеќе од 40 куќи беа целосно уништени. Жените врескаа. Не знаеја дали треба да плачат по децата или да трчаат да ги бараат, особено што многу деца си играа во соседството“, рекол сведокот.

Ал Асвад вели дека претходно добил обука за цивилна одбрана и за болничар за да може да помогне во спасувањето на луѓето.

„Повредените луѓе се обидоа да ги носат своите најблиски и да ги однесат во амбулантните возила, без разлика дали се мртви или тешко повредени. Други ги користеа своите магарешки коли за да ги однесат повредените во болниците“, вели Ал Асвад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ