вторник, 22 октомври 2024

Сунак разговараше со Нетанјаху. „Важно е да се намали бројот на цивилни жртви во Газа“

Британскиот премиер Риши Сунак денеска ја истакна важноста од преземање на сите можни мерки за намалување на бројот на жртвите и заштита на цивилите во Газа, во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Објавено на

часот

Сподели

„Премиерот ја повтори цврстата поддршка на Обединетото Кралство за правото на Израел да се брани од тероризмот, истовремено нагласувајќи ја важноста од преземање на сите можни мерки за намалување на цивилните жртви“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Понатаму, канцеларијата на Сунак соопшти дека премиерот разговарал со Нетанјаху и за ситуацијата на Западниот Брег и за „долгорочната цел за решение со две држави“.

„Премиерот нагласи дека е важно сите страни да избегнат дејствија што ќе ги разгорат тензиите и ќе ја задржат надежта за побезбедна и попросперитетна иднина и за Израелците и за Палестинците“, се вели во соопштението.

Кабинетот на британскиот премиер соопшти дека Сунак разговарал и со претседателот на палестинските власти Махмуд Абас за хуманитарната криза која се одвива во Газа.

„Тој рече дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува дипломатската акција за заштита на палестинските цивили, спречување на поширока ескалација и обезбедување мирно и трајно решение на кризата“, се вели во посебна изјава на Даунинг стрит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ