петок, 18 октомври 2024

Судскиот совет влегува во струшкиот суд за да види дали Мерко влијаел врз судиите

Објавено на

часот

Сподели

„Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка и ќе формира комисија, која заедно со координаторот за овој суд од редот на членовите, ќе направи посета на струшкиот суд, за да може на лице место да направи контрола за наводите“, велат од Судскиот совет за МКД.мк откако вчера Стејт Депратментот а потоа и американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер соопштија дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и неговото семејство се ставени на црната листа на личности на САД.

Од Судскиот совет за МКД.мк велат дека во текот на минатата и оваа година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две постапки за судии од овој суд.

„Но, напоменуваме дека овие постапки во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, туку станува збор за конкретни предмети во кои се засегнати странките“, велат од Судскиот совет за МКД.мк.

Во врска со ова вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска напиша дека пораките од меѓународните сојузници мора да бидат разбрани од домашните правосудни органи.

Претходно Алијанса за Албанците побара Мерко да поднесе оставка а Јавното обвинителство да отвори случај за наводите на САД. 

Високи извори од ДУИ пак за порталот Лидери.мк изјавија дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје. По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од функцијста градоначалник и нови избори во Струга или не.

                                                                                                                                           И.О.

 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ