понеделник, 21 октомври 2024

Судскиот совет почна да ги применува препораките на ЕУ

Судскиот совет на Македонија почна со активности во врска со имплементација на препораките од Извештајот на Оценската мисија на ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

„Судскиот совет на Република Северна Македонија со експертите од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото, финансиран од ЕУ, предводени од тим лидерот на проектот Дитер Шиндлауер и лидерот на компонента – Поддршка на ЕУ за владеење на правото Гжегож Борковски, денеска до 24 јануари одржува работилница за извештајот на Оценската мисија на Европската Унија за функционирање на Судскиот совет на Република Северна Македонија, со цел имплементација на препораките содржани во извештајот“, стои во соопштението на Судскиот совет објавено на веб страницата.

По завршување на работилницата, Судскиот совет ќе информира за усвоените заклучоци и понатамошните чекори, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ