Сослушувањето денеска се одржа во Рим, обвинителот од Фудбалската федерација на Италија, Џузепе Чине побара казна од 11 бодови што е зголемување на неговото претходно барање кога бараше девет.
Судот го прогласи Јувентус за виновен за вештачко надувување на трансфер сумите со цел да се зголемат капиталните добивки и му одзема десет бодови од сегашното салдо.
Тоа значи дека во овој момент Јувентус има 59 бодови и се наоѓа на седмата позиција. Доколку вечерва победи кај Емполи ќе се качи на петтото место.